Достапни линкови

Сомалискиот главен град Могадишу ќе добие храна од ОН


Обединетите нации соопштија дека ќе започнат со доставување на храна во главниoт град на Сoмaлијa Могадишу, по повлеќувањето на милитантите од Ал Шабаб од поголемиот дел на пунктовите во градот.
Од Програмата за храна на ОН велат дека сега ќе ги зголемат количините на храна која ќе биде доставувана во Могадишу.
Припадниците на Ал Шабаб водат војна со властите во Сомалија и до сега забрануваа да се доставува храна на териториите кои се под нивна власт.
Сомалија е погодена од суша, што допринесе до појава на глад, а се заканува и епидемија од колера поради нечистата вода и лошите санитарни улови во кои живее населението кое бега од погодените региони. Се проценува дека околу 11 милиони луѓе се погодени од недостиг на храна.
XS
SM
MD
LG