Достапни линкови

Куба го прославува 85-от роденден на Кастро


Фидел Кастро, септември 2010

Фидел Кастро, септември 2010

Куба денеска го прославува 85 –от роденден на поранешниот лидер Фидел Кастро. На свеченоста во театарот „Карл Маркс“, во Хавана настапиле музичари од неколку држави од Латинска Америка. Но на музичкиот спектакал не присуствувале ниту поранешнито лидер, ниту пак неговиот брат Раул Кастро кој сега е претседател на земјата.
Фидел Кастро поради болест се откажа од власта во 2006-та и му ја предаде на брат му. Оттогаш ретко се појавува во јавност, а последен пат се појави на конгресот на Комунистичката партија во април.
XS
SM
MD
LG