Достапни линкови

Попоски и Соренсен со подршка за Охридскиот договор


Евроамбасадорот Соренсен, со поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски

Евроамбасадорот Соренсен, со поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски

Охридскиот рамковен договор е успешна приказна, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски на панел-дискусијата во рамки на Конференцијата во Охрид посветена на десетгодишнината од потпишувањето на договорот. Тој изјави дека со договорот биле остварени четири клучни аспекти и тоа со договорот е избегната практиката територијални солуции да се нудат како решенија на етнички проблеми, избегнато е насилството како можно решение, договорот придонесува кон градење на култура на толеранција и меѓусебно разбирање и доверба.
Евроамбасадорот Петер Соренсен во обраќањето на трибината истакна дека високата поддршка на граѓаните за европска интеграција, односно резултатите од спроведените анекти во кои 1,3 милиони граѓани на Македонија се за членство во ЕУ, се само потврда дека Брисел со право го подржал Охридскиот рамковен договор.
„ Јас сум сосема уверен дека ќе ги надмините прашањата што стојат пред вас. Продолженото спроведување на Охридскиот договор ја демонстрира посветеноста на земјата кон европската иднина. “, рече Соренсен.
XS
SM
MD
LG