Достапни линкови

Сириските воени сили продолжуваат со својата офанзива


Сириски војници

Сириски војници

Сириските воени сили навлегле во крајбрежниот град Латакиа, јавуваат активистите за човекови права. Според нив 20 тенкови и оклопни возила навлегле во градот, како дел од владината офанзива за пресметка со демонстрантите кои протестираат против режимот на претседателот Башар ал-Асад.
Вчера американскиот државен секретар Хилари Клинтон повика земјите да престанат да купуваат сириска нафта и гас, во обид да се притисне претседателот Башар ал Асад да стави крај на насилствата во земјата. Активистите за човекови права велат дека вчера за време на протестите биле убиени најмалку 11 луѓе.
XS
SM
MD
LG