Достапни линкови

logo-print

Британија ќе укине 30 илјади работни места во полицијата


Министерот за финансии на Велика Британија , Џорџ Озборн денеска изјави дека земјата планира да укине 30 илјади работни места во полицијата, како дел од последните мерки на штедење, за да се намали рекордниот буџетски дефицит. Озборн во интервјуто за Би Би Си, вели дека работните места во полицијата ќе мора да се укинат и покрај немирите во земјата. Британската полиција и во текот на викендов останува на улиците за да го одржува редот по немирите што пред неколку денови ги зафатија поголемите градови во земјата. Стив Каванах, помошник командант на Метрополитан полицијата изјави дека 16 илјади полицајци се на должност и оти станува збор за најголемо мирновременско полициско разместување во Лондон
Полицијата соопшти дека повеќе од 1.900 луѓе се уапсени а речиси 700 луѓе се обвинети за насилствата, нарушување на редот и грабежи.
XS
SM
MD
LG