Достапни линкови

Втор ден од Конференцијата за Охридскиот договор


 Прослава на осум годишнината од Охридскиот Рамковен Договор во Маврово

Прослава на осум годишнината од Охридскиот Рамковен Договор во Маврово

Конференцијата посветена на 10-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор што се одржува во Охрид продолжува денеска со панел-дискусијата на тема „Евалуација на Охридскиот договор“.
На темата ќе говорат министерот за надворешни работи Никола Поповски, евроамбасадорот Питер Соренсен, Ралф Брет раководител на ОБСЕ мисијата во земјата, Брајан Агелер како вд. амбасадор на САД во Македонија и британскиот амбасадор Кристофер Ивон.
„Идните чекори и очекувања“ ќе биде последниот наслов на кој попладнево ќе дебатираат домашни и странски експерти. Меѓу другите, најавени се Даниел Сервер, американскиот академски експерт и предавач за конфликтен менаџмент претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците во Македонија и Абдилаќим Адеми, актуелниот министер за животна средина и просторно планирање и поранешен Заменик-претседател на Владата одговорен за спроведување на Охридскиот договор.
Конференцијата се одржува во организација на Секретаријатот за имплементација на Охридскиот договор , а беше отворена вчера.
XS
SM
MD
LG