Достапни линкови

СиП има намера да го намалат кредитниот рејтинг на Кипар


Меѓународната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ соопшти дека има намера да ја стави под негативно набљудување оценката на долгорочниот долг на Кипар, што во моментов е ВВВ+, пренесоа француските медиуми. Според нас, буџетската состојба на кипарската влада веќе е неоддржлива, посочува агенцијата во коминике, добиено во Никозија два дена откако другата рејтинг агенција „Фич“ ја намали кредитната оценка за Кипар за два степена од оценката А на BBB и изрази мислење дека земјата ќе има потреба од спасувачки план на Европската унија.
XS
SM
MD
LG