Достапни линкови

logo-print

Сиријските трупи и денеска пукале врз демонстрантите, 11 загинати


Сиријските трупи пукале врз демонстрантите во неколку градови во земјата, со што продолжува насилството на режимот на претседателот Башар Ал Асад врз анти-владините демонстранти. Според непотврдени извори, најмалку 11 демонстранти биле убиени, а државната новинска агенција јави и дека загинале двајца полицајци. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска изјави дека Сирија би била подобра држава без претседателот Асад. Турската новинска агенција Анатолија денеска објави дека претседателот Абдула Ѓул му испратил писмо на Асад во кое го предупредува да не ги одлага реформите додека не биде предоцна.
XS
SM
MD
LG