Достапни линкови

logo-print

Рикер - Рамковниот договор не треба да се доведува во прашање


Постојат многу прашања во врска со договорот, дали е тој успешен, дали се почитува, но мислам дека тие дилеми треба да се остават настрана и да се гледа напред во иднината. Прашање е што сакаме и каква сакаме да биде оваа земја, доколку навистинна сме посветени кон евроатлантските интеграции, како да стигнеме до нив. Како да го максимизираме бенефитот од потенцијалите што на една земја и ја дава мултиетничноста, како што тоа го прават САД, изјави заменик државниот потсекретар на САД Филип Рикер на конференцијата посветена на 10-годишнината од Охридскиот рамковен договор, што се одржува во Охрид.
Според него, лесно е да се посочат недостатоците на Охридскиот рамковен договор од оваа временска дистанца, но не треба да се заборави дека пред десет години Република Македонија беше на работ на граѓанска војна.
Рикер нагласи дека десетгодишнината на Рамковниот договор секако е можност за обновување на посветеноста на САД за поддржување на Македонија во нејзините напори и активности за просперитетна иднина.
XS
SM
MD
LG