Достапни линкови

logo-print

Или барање за легализација на дивоградбите или казни


Досега се доделени се 4.600 решенија за легализација на дивоградби, а вкупно се поднесени 90 илјади барања. Ова го објави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по доделувањето решенија за легализација во општината Шуто Оризари.
Во целата држава се регистрирани околу 350 илјади дивоградби или делови од дивоградби. Јанакиески повторно апелира до граѓаните и правните субјекти кои имаат дивоградби да достават барања за легализација и да не чекаат на последниот ден од истекот на рокот на 3 септември.
Општинската администрација, пак, според Јанакиески, треба да излезе во пресрет на зголемениот број барања што се очекуваат во следниот период и да воспостави двосменско работење, како и работа во саботите.
Тој повтори дека не се размислува за продолжување на рокот за доставување барања, туку за казнување за тие што нема да го направат тоа.
XS
SM
MD
LG