Достапни линкови

МКГ - Во Македонија расте национализмот


Десет години по Охридскиот договор, Македонија е постабилна, но политичките и етничките тензии се зголемуваат, а новата влада треба да ги одврати негативните трендови. Ова се наведува во најновиот извештај на Меѓународната кризна група во кој како решение на спорот со Грција се препорачува дека Скопје треба да го прифати предлогот „Република Северна Македонија“ или слична формула со географска одредница. За возврат, Грција треба да го прифати македонскиот национален и јазичен идентитет и да престане да ја блокира евроатлантска интеграција на земјата.

Најновиот извештај на Меѓународната кризна група покажува како во текот на изминатите пет години зголемувањето на македонскиот национализам, доминацијата на премиерот и неговата партија врз сите
Ако нема решение за прашањето за името и ако продолжи одлагањето на реформите, Македонија ризикува да заостане додека нејзините соседи ќе напредуваат кон Европската унија.
главни државни институции, падот на медиумската и судската независност, порастот на сегрегацијата по училиштата и пребавната децентрализација почнаа да ја поткопуваат мултиетничката граѓанска држава.

Нејзините лидери треба да постигнат заедничка политика врз основа на духот на Охрид, чија целосна имплементација е од витално значење за социјалната кохезија и за етничката хармонија.

„Скапиот урбанистички проект Скопје 2014 ја води земјата на погрешен пат и кон поделби“, наведува Наим Рашити, аналитичар на Кризната група кој додава:

Марко Прелец и Сабине Фрејзер директори во МКГ

„Наместо трошење големи средства за грандиозниот националистички проект што ги загрижува и Албанците и многу Македонци, Владата за приоритет треба да ги има образованието, децентрализацијата и спроведувањето на законот за јазиците.“

Директорот за Балканот во Кризната група, Марко Прелец, пак, додава дека премиерот Никола Груевски треба да работи со својот албански коалициски партнер и со опозицијата да се донесе легислатива која ќе ги зајакне демократијата, владеењето на правото и меѓуетничките
Одлуките направени сега ќе имаат значителен ефект врз меѓуетничките и меѓупартиските односи и ќе бидат одлучувачки во одредувањето дали до 2014 година земјата ќе се движи кон ЕУ или кон
постепено распаѓање.
односи.

Во извештајот се прецизира дека конфликтот меѓу Македонија и Грција за името го блокира напредокот кон ЕУ и НАТО, ги зголемува меѓуетничките тензии и ги поткопува меѓународните стратегии за стабилизација на регионот преку интеграција и проширување.

„Скопје треба да го прифати предлогот на медијаторот на ОН за употреба на „Република Северна Македонија“ или слична формула со географска одредница како решение за спорот со името“, препорачува Меѓународната кризна група, која смета дека ново прифатеното име треба да биде за сите употреби, со што ќе се одблокира приемот на земјата во НАТО и во Европската унија.

Сабине Фрејзер, директор за Европа во МКГ

Од друга страна, од МКГ препорачуваат дека Атина треба да го признае националниот идентитет и јазик на својот северен сосед како „македонски“.

„Ако нема решение за прашањето за името и ако продолжи одлагањето на реформите, Македонија ризикува да заостане додека нејзините соседи ќе напредуваат кон Европската унија“, предупредува Сабине Фрејзер, директор на Европската програма на МКГ.

Таа додава:

„Одлуките направени сега ќе имаат значителен ефект врз меѓуетничките и меѓупартиските односи и ќе бидат одлучувачки во одредувањето дали до 2014 година земјата ќе се движи кон ЕУ или кон постепено распаѓање.“
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG