Достапни линкови

Сириските сили ги продолжуваат насилствата врз противниците на режимот


Сириските сили денеска започнале нови напади против демонстрантите. Според активисти за човекови права, владините сили со подршка на тенкови, упаднале во градот Кан Шеикон, каде што имало и престрелки, а една жена загинала. Во предградие на Дамаск, безбеносните сили апселе противници на режимот, при што едно лице било убиено. Денеска се очекуваат нови анти-владини демонстрации во Сирија, кои станаа вообичаена практика по петочната молитва. Во меѓувреме, меѓународната заедница продолжува со притисокот врз режимот на Башар Ал Асад да престане со насилствата. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон вчера ги повика Кина, Русија и Индија да се приклучат кон санкциите против Сирија, а Русија ја повика и да престане да му продава оружје на Дамаск.
XS
SM
MD
LG