Достапни линкови

МКГ: Република Северна Македонија


Десет години по Охридскиот договор со кој завршија борбите меѓу етничките Македонци и Албанци, Македонија е постабилна, но политичките и етничките тензии се зголемуваат, а новата влада треба да ги одврати негативните трендови. Ова се наведува во најновиот извештај на Меѓународната кризна група во кој има голем број забелешки и препораки за меѓуетничките односи, за слободата на правосудството и медиумите и за спорот со Грција за името. МКГ препорачува како решение Скопје да го прифати предлогот ,,Република Северна Македонија“ или слична формула со географска одредница. За возврат, Атина треба да го прифати македонскиот национален и јазичен идентитет и да престане да ја блокира евроатлантска интеграција на земјата.
XS
SM
MD
LG