Достапни линкови

Конференција по повод 10 години од Рамковниот договор


Денеска и утре во Охрид се одржува Конференција по повод 10-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на оружениот конфликт во Македонија во 2001 година. На отворањето на овој собир, што се одржува во организација на Секторот за спроведување на Охридскиот договор, се очекува да се обрати претседателот на РМ Ѓорге Иванов, како и вицепремиерот задолжен за имплементација на договорот Муса Џафери. Работата на конференцијата ќе се одвива по сесии, на кои ќе биде расправано за спроведувањето и евалуацијата на Охридскиот договор, како и за идните чекори и очекувања.
Денеска меѓу учесниците се најавени и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, единствен од потписниците на договорот кој се одзвал на поканата, тогашните олеснувачи во преговорите Џејмс Пердју и Ален ле Роа, како и поранешниот американски амбасадор во Македонија Филип Рикер, кој сега е на функцијата Заменик-државен потсекретар. За утрешниот дел од работата, меѓу другите се најавени и амбасадорите на ЕУ, САД, Велика Британија и на ОБСЕ во земјава.
XS
SM
MD
LG