Достапни линкови

Бан Ки Мун загрижен поради цивилните жртви во Либија


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази загриженост поради информациите за пораст на бројот на цивилни жртви во конфликтот во Либија, вклучувајќи ги и оние што загинале во воздушните напади на НАТО. Без да именува која било страна во конфликтот, Бан ги повика сите страни да бидат екстремно внимателни во борбите.
Во меѓувреме, агенциите јавуваат дека во последните судири со трупите на лидерот Моамер Гадафи околу пристаништето Брега, загинале двајца бунтовници, а 16 биле ранети.
XS
SM
MD
LG