Достапни линкови

logo-print

Во Грција мртви „примале пензии“


Најголемиот грчки пензиски фонд ја прекинал исплатата на илјада 473 пензии, откако е установено дека примателите веќе не се живи. Државниот фонд соопшти дека ќе ги тужи луѓето кои нелегално ја примале пензијата и ќе се обиде да врати 1,9 милиони евра кои биле уплаќани на лица наводно постари од 90 години.
Во спроведената истрага е откриено дека околу 9 илјади луѓе постари од 100 години примаат пензија, а според последниот попис во Грција од 2001 година, во земјата има помалку од 1700 стогодишници.
XS
SM
MD
LG