Достапни линкови

Тужба против Сорос од актерка во бразилски ТВ сапуници


Џорџ Сорос

Џорџ Сорос

Познатиот светски милијардер Џорџ Сорос доби тужба за 10 милиони долари од Бразилка која тврди дека тој не го исполнил ветувањето оти ќе и даде скап апартман во Њујорк, како и дека ја удрил за време на нивната љубовна афера. Адријана Фереир, која е претставена како 28-годишна актерка во телевизиски сапуници во Бразил, рекла дека 81-годишниот Сорос во последните пет години два пати и ветил купување апартман, но не го сторил тоа. Фереир бара отштета за измама, претпрена емотивна болка, како и за напад и злоставување од страна на Сорос.
Адвокатот на милијардерот, Вилијам Забел, ја нарече тужбата несериозна и безвредна, додавајќи оти ќе побара од судот да ја отфрли.
XS
SM
MD
LG