Достапни линкови

logo-print

„Јо-јо“ ефект на светските берзи


Американските акции денеска забележаа раст од 4 проценти по вчерашниот пад . Индексот Дау порасна за повеќе од 2,5 проценти, индексот С и П порасна за 2,45 отсто, а Насдак се зголеми за 3 отсто. Европските пазари, и денеска продолжија со „јо-јо“ефектот, односно по претпладневнио пад, попладневното тргување бележеше раст. Попладневиот раст се должи и на информацијата дека францускиот претседател Никола Саркози ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел за да разговараат за спречување на кризата во еврозоната.
XS
SM
MD
LG