Достапни линкови

Пукотници и експлозија во Министерството за одбрана на Естонија


Вооружен маж влегол во зградата на Министерството за одбрана на Естонија и пукал, а некои извештаи велат дека имало и експлозија. Руската новинска агенција Интерфакс јавува дека вооружениот маж зел еден човек за заложник, но дека сите други избегале од зградата, а полицијата ја опколила областа. Асошиетед прес го цитира портпарол на Министерството за одбрана кој потврдува дека имало вооружан инцидент во Министерството во Талин. Западните новински агенции,повикувајќи се на естонската новинаска агенција БНС, јавуваат дека имало експлозија. Засега не се познати други детали.
XS
SM
MD
LG