Достапни линкови

Авганистан- Карзаи нема да се кандидира за трет мандат


Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи денеска соопшти дека нема намера да се кандидира за трет мандат во 2014-та. Карзаи е на чело на земјата од 2001-та. Неговите противници, стравуваат дека тој има намера да го промени Уставот за да остане на власт. Но Карзаи денеска соопшти дека Уставот е јасен и не дозволува некој да биде претседател повеќе од два пати. Карзаи е лидер на земјата од ноември 2001-та, кратко откако американските сили ја започнаа инвазијата брз Талибанците. Во 2004-та тој победи на првите избори во земјата по инвазијата. Но неговиот реизбор во 2009-та помина со обвинувања за корупција.
XS
SM
MD
LG