Достапни линкови

Муса Џафери-Рамковниот ја постигна целта


Вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери

Вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери

Охридскиот Рамковен договор ја постигна целта, го врати мирот, отвори можност сите да учествуваат во креирањето на политичкиот и општествениот живот, а во Уставот има амандмани со кои не се дозволува да се дискриминираат етничките заедници, оцени вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери. На новинарско прашање зошто албанските претставници од власта и по десет години не одат на одбележувањата на настаните на Карпалак и Љуботен за време на конфликотот од 2001, тој рече дека тие рани не е толку лесно да се залечат, но смета оти претставниците на политички партии и на институции сега имаат поголема храброст да се соочат со тие случувања.
Историјата не можеме да ја поправиме, можеме да ја поправиме само иднината и да извлечеме позитивни пораки во пресрет на 10-годишнината од потпишувањето на тој мировен договор, изјави Џафери.
XS
SM
MD
LG