Достапни линкови

Еулекс-наскоро ќе почне истрагата по наодите на Дик Марти


Дик Марти

Дик Марти

Работната група која треба да го истражува извештајот на Дик Марти за трговијата со човечки органи на Косово, наскоро би требало да почне да работи, соопштија денеска од Еулекс. Од таму велат дека формирањето на работната група е при крај , дека воспоставиле контаките со Марти и соработуваат со неговиот тим, за да можат веднаш да продолжат со истрагата. Во извештајот на Дик Марти, кој го прифатија од Советот на Европа, се наведува дека во трговијата со човечки органи се вклучени највисокот раководство на поранешната Ослободителна војска на Косово, како и сегашниот премеир Хашим Тачи.
XS
SM
MD
LG