Достапни линкови

logo-print

Британија размислува да ја ангажира и армијата


Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска пред парламент изјавил дека неговата влада „дејствува решително“ во справувањето со најголемите безредија во Велика Британија во поновата историја.
Камерон изјави дека се разгледува можноста да се ангажира и армијата за справување со насилствата , ако има и понатаму немири.
Тој рече дека владата ќе и даде поголеми овластувања на полицијата и ќе ги обештети луѓето кои имаат штети за време на немирите. Повеќе од 1.000 луѓе се уапсени во Лондон и другите градови во текот на немирите кои почнаа во саботата, во знак на револт откако полицајци убиле еден 29-годишен човек во Тотенхем.
XS
SM
MD
LG