Достапни линкови

Вестервеле- Германија го подржува Косово во сите области


Вестервеле со косовскиот премиер Хашим Тачи

Вестервеле со косовскиот премиер Хашим Тачи

Министерот за надворешни работи на Германија Гвидо Вестервеле кој денеска е во посета на Косово, го поздрави напредокот на земјата во сите области а посебно во полето на економијата.
Вестервеле изјави дека Германија е подготвена да го поддржи Косово во сите демократски процеси. На средбата со претседателката на Косово Арифете Јахјага, Вестервеле рекол дека е многу важно Косово да соработува и да ги координира своите активности со ЕУ, посебно со Германија, која го подржува Косово во сите области, соопштуваат од Кабинетот на Јахјага.
Претседателката на Косово пак изјавила дека Косово и Србија треба да воспостават нормални односи, какви имаат и со другите земји во регионот, бидејќи само така може да се сочува мирот и стабилноста во земјата. Јахјага изјавила дека нема друго решение за напредокот на Косово, освен да владее законот и да се оствари уставноста на целата територија
XS
SM
MD
LG