Достапни линкови

Европските берзи бележат повторен пад


Европските берзи и денеска бележат пад, со што ги намалија надежите дека состoјбата ќе се подобри, по претходните добивки.
Вчера акциите претрпеа големи загуби, особено на француските банки,затоа што инвеститорите се загрижени за изложеноста на банките на влијанието од грчкиот долг. Француските банки и осигурителни компании се согласија на преструктуирање на грчкиот долг, како дел од спасувачкиот пакет на ЕУ. Француската влада ги негираше шпекулациите дека Франција е следна земја на која ќе и биде намален кредитниот рејтинг, откако тоа се случи со САД минатата недела. Агенциите за рејтинг засега го потврдуваат врвниот рејтинг на Франција од три А.
XS
SM
MD
LG