Достапни линкови

logo-print

Израел одобри изградба на 1.600 домови во Источен Ерусалим


Израелскиот министер за внатрешни работи даде конечно одобрување за изградба на 1.600 нови домови во Источен Ерусалим. Израел даде првична согласност за изградба на становите минатата година за време на посетата на Израел од страна на американскиот заменик-претседател Џо Бајден, предизвикувајќи дипломатски конфликт меѓу Израел и САД.
Палестинците го сакаат источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, и рекоа дека нема да ги продолжат мировните разговори доколку Израел продолжи со изградбата во Источен Ерусалим и на Западниот Брег. Израел вети дека објектите нема да се градат во наредните неколку години, но протестите со кои се бара поевтино домување, ги зголемија шпекулациите дека изградбата на населбите може да се забрза.
XS
SM
MD
LG