Достапни линкови

Нов Комитет за односи меѓу заедниците


Собранието се уште не ги избрало новите деветнаесет членови на Комитетот
Собранието се уште не ги избрало новите деветнаесет членови на Комитетот

Според експертите, потребна е реорганизација на новиот состав на Комитетот за односи меѓу заедниците со цел негова поголема ефикасност во полза на сите етнички заедници.

Новиот пратенички состав на Комитетот за односи меѓу заедниците треба да се фокусира и да донесува заклучоци во полза на сите етнички заедници, велат неговите поранешни членови. За експертите, пак, потребна е негова реорганизација. Поранешниот комитет во еден момент беше во застој, бидејќи не се одржаа неколку седници, поради неприсуството на некои од членовите.

Поранешниот негов претседател Џеват Адеми вели дека успеал за важните прашања да ги донесе
Потребно е да се посвети исто така значително внимание на она што се права, потреби и заложби на помалите етнички заедници кои исто така имаат свои потреби.
надлежните функционери на нивната седница и е задоволен од сработеното.

„Со оглед на фактот дека во минатиот состав на Комитетот, ВМРО-ДПМНЕ имаше мнозинство, ДПА како партија го бојкотираше собранието, јас успеав за три години Комитетот да направам институција која е и замислена од страна на авторите и на Охридскиот рамковен договор и на Уставот на РМ.“

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Спасеновски, кој беше во составот на Комитетот, вели дека тој е еден од поважните инструменти, кој го ефектуира мултиетничкиот карактер на македонското општество. Според него, Комитетот функционирал релативно задоволително.


„Меѓутоа за во целост да бидат исцрпени неговите надлежности од страна на следниот собраниски состав е потребно да се посвети исто така значително внимание на она што се права, потреби и заложби на помалите етнички заедници кои исто така имаат свои потреби бидејќи
Република Македонија или ќе биде во целост демократска држава којашто ги рефлектира правата на сите етнички заедници или нема да можеме да кажеме дека е во целост демократска.“

Според професорот и поранешен пратеник, Мерсел Биљали, Комитетот досега не покажал дека успешно функционира, туку тој е инертен орган кој ништо не решава.
Конкуренцијата на претставниците на помалите етнички заедници во Комитетот ќе биде поизразена и квалитетот на работата на Комитетот со оглед на правата на помалите заедници ќе биде поприсутна и поадекватно претставена.

„Органот не е смислен како што треба и нема посебни овластувања, треба да има нови идеји, нови решенија итн. Значи мора да се смисли нешто друго во врска со овој орган.“

Адеми очекува новиот состав на Комитетот да биде поинтересен, бидејќи освен влашката заедница сега сите други имаат по двајца пратеници.

„Конкуренцијата на претставниците на помалите етнички заедници во Комитетот ќе биде поизразена и квалитетот на работата на Комитетот со оглед на правата на помалите заедници ќе биде поприсутна и поадекватно претставена.“

Собранието се уште не ги избрало новите деветнаесет членови на Комитетот. Според Уставот, во составот треба да има по седум Македонци и Албанци, а другите пет члена да потекнуваат од претставниците на Ромите, Бошњаците, Турците, Власите и Србите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG