Достапни линкови

Турските серии со профит од над 50 милиони долари


Турски телевизиски серии што се прикажуваат во многу балкански држави и на Блискиот исток на турската филмска индустрија и носи приход од над 50 милиони долари. Во странство во изминатите десет години се продадени 65 турски телевизиски серии, објавуваат локални медиуми. Телевизиските серии предизвикаа и критики од страна на конзервативците во Турција, поради, како што велат „неморалните сцени“ во кои актерите често се појавуваат без многу облека, во љубовни сцени и пропагираат вонбрачни односи.
XS
SM
MD
LG