Достапни линкови

logo-print

Позадината на британските нереди


Под овој наслов, весникот Вашингтон Пост објавува коментар во врска со последните случувања во поголемите англиски градови. Притоа, во текстот се прави споредба на причините за нередите во арапскиот свет и во една од најразвиените земји во светот. Во време на економски нарушувања ниту една земја не е имуна од вакви настани, наведува весникот.

Заедничките фактори вклучуваат висока невработеност, незадоволство спрема недостижната висока класа и омраза спрема полицијата. Во британскиот случај, како и во некои арапски земји, проблемот дополнително е отежнат и со етнички и расни тензии.
Лондон е далеку од Блискиот Исток и нередите кои ги зафатија британските градови во изминативе денови немаат ниту една позитивна квалификација како арапската пролет, се наведува во коментарот на Вашингтон пост во кој се прецизира:

Главно мирните маси луѓе во Каиро и сирискиот град Хама бараа заминување на тираните од власт. Разбеснетите млади во Лондон крадат телевизори и алишта и палат коли и згради.

Лидерите на арапските демонстранти зборуваат за изградба на нов демократски поредок, додека идеологијата на британските млади може да се сумира во изјавата на две девојки за Би Би Си дека тие им покажуваат на полицијата и на „богатите“, оти можат да прават се што ќе им се посака.


Сепак, може да се види некаква врска меѓу младите кои први разочарани се собраа пред полициската станица во северен Лондон во минатата сабота, разбеснети поради убиството на еден човек, и оние што ги почнаа нередите во тунискиот град Сиди Бузид по самозапалувањето на еден продавач на зеленчук во минатиот декември.

Заедничките фактори вклучуваат висока невработеност, незадоволство спрема недостижната висока класа и омраза спрема полицијата. Во британскиот случај, како и во некои арапски земји, проблемот дополнително е отежнат и со етнички и расни тензии.
Ова стана година на побуна на немоќните, најпрвин во арапскиот свет, потоа во Израел и сега во една од најбогатите светски демократии.

Во Британија, како и на Блискиот Исток, политичките лидери беа изненадени од експлозивноста на нередите. Во Британија само за три ноќи тие се проширија од лондонски Тотенхем во скоро сите поголеми градови.

Но, луѓето кои живеат во некои од погодените предградија велат дека таму веќе подолго време врие поради тоа што политичките партии ги игнорираат нивните проблеми. Не изненадува тоа што британскиот одговор на нередите беше целосно различен од оној на арапските режими.

Реториката на официјалните лица главно е фокусирана врз она што, министерката за внатрешни работи Тереза Меј го нарече, „чист криминал“.


Но, надвор од владата веќе почнаа дебатите за подлабоките причини на проблемот кој весникот Гардијан ги нарекува излив на незадоволство и знак на насобрани неуспеси. Ова стана година на побуна на немоќните, најпрвин во арапскиот свет, потоа во Израел и сега во една од најбогатите светски демократии.

Во време на економски нарушувања ниту една земја не е имуна од ваква појава. Но, Британија покажува дека демократиите можат да одговорат со одговорна политика и со робустна политичка дебата, се наведува во коментарот објавен во весникот Вашингтон Пост.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG