Достапни линкови

Неколкумина загинати во бомбашки напади во Пакистан


Бомбашки напад во Пешавар, 11.08.2011

Бомбашки напад во Пешавар, 11.08.2011

Пакистанските власти соопштија дека четворица полицајци и едно дете загинале во бомбашки напад во Пешавар, во северозападниот дел на земјата. Во нападот имало и 18 ранети. Во истиот град претходно жена самоубиец активирала бомба при што загинала уште една жена. Полицијата претпоставува дека тие заедно требало да извршат бомбашки напад. Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозиите, но агенциите потсетуваат дека исламските милитанти подолго време вршат вакви напади, особено во близина на границата со Авганистан.
XS
SM
MD
LG