Достапни линкови

Седница на британскиот парламент за нередите


Британскиот паралмент на денешното специјално заседание ќе расправа за нередите што во изминатите денови зафатија повеќе англиски градови. Премиерот Дејвид Камерон ги повика законодавците да го прекинат одморот и да ги разгледаат начините за справување со оние што ограбуваат и палат на улиците. Камерон изјави дека полицијата ќе може да употребува воени топови и пластични куршуми против насилниците. Во англиските градови синоќа беше мирно, по нередите кои избувнаа во саботата во Лондон по протестот поради тоа што полицијата убила еден човек.
XS
SM
MD
LG