Достапни линкови

Рекордна цена на златото на берзата во Њујорк


Цената на златото достигна рекордна цена од 1.800 американски долари за унца, во услови кога инвеститорите бараат безбедни инвестиции по одлуката на Соединетите американски држави за зголемување на границата за задолжување и европската должничка криза. Златото го собори рекордот на пазарот во Њујорк во средата, по што цената на благородниот метал се стабилизираше на 1.784 долари за унца. Во меќувреме, индексот „Дау Џоунс“ изгуби 4.6 проценти од вредноста, по падовите на берзанските индекси во Шпанија, Италија и Швајцарија.
XS
SM
MD
LG