Достапни линкови

logo-print

Советот за безбедност добил вознемирувачки информации за Сирија


Дипломатите во Советот за безбедност при Обединетите нации велат дека добиле вознемирувачки информации за насилствата во Сирија. Советот во средата одржа брифинг зад затворени врати кој го координираше заменик генералниот секретар на светската организација Фернандез Таранко. Британскиот пратеник Филип Пархам рече дека согласно добиените информации, 2.000 лица биле убиени во Сирија, 13.000 биле уапсени, додека десетици илјади лица ги напуштиле своите домови а неколку илјади сиријски бегалци се наоѓаат во Турција. Британскиот дипломат дополни дека Советот размислува за превземање на дополнителни мерки доколку сиријскиот режим не престане со кршењето на човековите права и воената репресија.
XS
SM
MD
LG