Достапни линкови

Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Кипар


Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Кипар за два степена, од оценката А на BBB.
Претходното намалување беше во мај, кога агенцијата го намали рејтингот на земјата за три степени заради ризиците за кипарските банки од грчките државни обврзници.
Сега рејтингот на Кипар е само за два степена над нивото „junk“ (обврзници со висок ризик).
Фич посочува дека нејзината одлука ги одразува „актуелните и очекуваните финансиски колебања“ и прогнозите дека земјата нема да успее да собере средства на меѓународниот пазар на обврзници за да ги рефинансира своите обврски.
XS
SM
MD
LG