Достапни линкови

logo-print

Фејт- Косовската влада има право да ја контролира целата територија


Шефот на Меѓународната цивилна канцеларија во Косово Питер Фејт

Шефот на Меѓународната цивилна канцеларија во Косово Питер Фејт

Шефот на Меѓународната цивилна канцеларија во Косово Питер Фејт денеска изјави дека косовската Влада има право да се обиде да ја преземе контроолата на целата територија на Косово.
„Реков дека Владата има право да се обиде да ја преземе целата територија и дека треба да стори се што е можно со цел да ги интегрираат сите заедници, како и да ги штити правата на секој поединец и да работи за помирување,“ изјави Фејт.
Според него преземањето на целата територија не е работа што се однесува само на функционирање на правото и заштита на границата, туку таа е поврзана и со безбедноста на српските заедници да се чувствуваат добро во областите во кои живеат.
Фејт повика на почитување на договорот за северот на Косово, истакнувајќи дека употребата на сила и насилство се неприфатливи.
XS
SM
MD
LG