Достапни линкови

logo-print

Убиени Талибанците кои го соборија американскиот хеликоптер


Генерал Џон Ален

Генерал Џон Ален

Командантот на американските сили во Авганистан денеска соопшти дека се убиени Талибанците кои го соборија американски воен хеликоптер, при што загинаа 30 американски војници.
Генералот Џон Ален изјави дека околу полноќ на 8 август, коалиционите сили ги убиле талибанските бунтовници одговорни за тој напад.
Во посебно соопштение на НАТО се наведува дека меѓународните безбедносни сили го убиле талибански лидер Мула Мохибулах и бунтовниците кои се виновни за нападот врз хеликоптерот.
Во нападот загинаа 30 американски војници, од кои 20 припадници на американските специјални сили, седум авганистански командоси и еден авганистански преведувач.
XS
SM
MD
LG