Достапни линкови

Со сала за свадби ќе се спречува иселувањето


Mанастирот „Рождество на Пресвета Богородица„ во општина Новаци
Mанастирот „Рождество на Пресвета Богородица„ во општина Новаци

И покрај се поголемото иселување од пелагониските села, во манастирот во општина Новаци се гради сала за свадба и крштевки.

Наспроти се поголемото иселување на пелагониските села, на сред поле, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица„ во општина Новаци, се гради сала за свадби и крштевки. Ова е единствениот манастир на
До сега верниците во него вложиле околу 400 000 евра, а годинава започнуваме со изградба на сала за свадби и крштевки, нејзиниот капацитет ќе биде за 500 гости.
Балканот изграден во поле, се сметал за заштитник на жетварите, а денес се верува дека ќе го врати животот во испустените села. Манастирот верниците го градеа 23 години и покрај големите проблеми околу денационализацијата на земјиштето, на крај успорноста победила, па освен храмот сега се гради сала. Тука се очекува свој кабинет да има и преспанско-пелагонискиот владика Петар.

„До сега верниците во него вложиле околу 400 000 евра, а годинава започнуваме со изградба на сала за свадби и крштевки, нејзиниот капацитет ќе биде за 500 гости и се надеваме дека како карабина ќе биде готова до крајот на оваа година. Со салата ќе стопанисува одборот што го градеше манастирот, а до година се очекува да се почне и со изградба на конаците“, вели Вељо Тантаров, претседател на одборот за изградба на манастирот.

Со салата ќе им се олеснат маките на младите од новачките села кои за свадбарска сала чекаат долго време.
Оваа сала ќе ја користат скоро 50 и повеќе села од Новаци и Битолско кои до сега за да организираат сала беа принудени да чекаат по 5 до 6 месеци за да им се ослободи сала во градот.

„Оваа сала ќе ја користат скоро 50 и повеќе села од Новаци и Битолско кои до сега за да организираат сала беа принудени да чекаат по 5 до 6 месеци за да им се ослободи сала во градот“, додава Танатров.

Општина Новаци по површина е најголема во државата, но за жал по број на жители е на последно место. Посебно се иселени мариовските села, а млад свет има претежно во населбите околу новачката општина. Градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски вели дека салата ќе може да се искористи и за венчавки на наши иселеници од странство кои искажуваат желба тука да ги прават свадбите.

„Ова е голема афирмација на општина Новаци и за регионот и ваквите инвестиции се добредојдени во овој крај“, вели Котевски.

Тој додава дека ова е куриозитет манастир да се изгради во поле и не само што духовно ги исполнува верниците ја враќа и надежта кај нив дека ќе запре иселувањето.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG