Достапни линкови

Инфраструктурата проблем за развој на сточарството


Поглед кон општината Центар Жупа

Поглед кон општината Центар Жупа

Лошата патна инфрастрктура како и дотраените бачила и покрај одличните услови, спречуваат поголем развој на сточарството во западниот регион на Македонија.

Во западниот регион на Република Македонија има одлични услови за развој на сточарството, но потребната динамика на развој ја попречува лошата патна инфраструктура и дотраените објекти на бачилата. Оваа оценка ја изнесува здружението на сточарите од општините Дебар и
Сточарите во западниот дел од Mакедонија имаат проблеми со инфраструктурата. Патиштата до бачилата се иградени од времето на монизмот и тие се распаѓаат секоја година од временските услови. Нови патишта и објекти не се градат. Инфраструктурата е во мошне лоша состојба

Центар Жупа. Планините Кораб, Крчин, Стогово, Бистра и другите имаа прекрасни летни пасишта кои гарантираат квалитетни млечни производи поради што надлежните треба да го решат проблемот со инфраструктурата, вели претседателот на здружението на сточарите „Даши“ Скендер Аме.

„Сточарите во западниот дел од Mакедонија имаат проблеми со инфраструктурата. Патиштата до бачилата се иградени од времето на монизмот и тие се распаѓаат секоја година од временските услови. Нови патишта и објекти не се градат. Инфраструктурата е во мошне лоша состојба. Објектите ги покриваме со лим и други пластични најлони. Проблеми имаме и со обезбедувањето на овчари. Никој не сака да биде овчар и покрај тоа што тие се добро платени“, подвлекува Аме.


Скендер Аме, актуелен претседател на здружението на последната манифестација на сточарите, огледувачи на овци и кози 2011. Која се одржа на планината Бистра пред извесно време, беше прогласен за најдобар произведувач на квалитетно овчо сирење произведено на
Ние сме подготвени да продолжиме да произведуваме квалитетно сирење по традицијата. Нашите планини, пасишта имаат прекрасна трева, квалитетни билки и бујна вегетација

традиционален начин. Тој вели дека над 150 сточари од регионот на Дебар и Жупа веќе се вклучени во акцијата за заштита на традиционалното производство на сирење кое добива силна поддршка и од Министерството за земјоделие на Македонија.

„Ние сме подготвени да продолжиме да произведуваме квалитетно сирење по традицијата. Нашите планини, пасишта имаат прекрасна трева, квалитетни билки и бујна вегетација. Тука е и традицијата на сточарските семејства. Сточар беше и татко ми и дедо ми. Тие имаа 400 овци, а сега ние имаме со браќата 2000 овци. Природата дала услови тоа треба да се искористи“, додава сточарот Скендер Аме.

Сточарите од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше на бројните средби што ги имаат со надлежните експерти од Министерството за земјоделие, но и од надлежните институти бараат државата да вложи повеќе средства во изградба и одржување на инфраструктурата до пасиштата и бачилата, или пак да овозможи пасиштата да се даваат на користење на повеќе години односно над десет години со право сточарите да инвестираат како во патната инфраструктура така и во изградбата на објекти на бачилата.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG