Достапни линкови

Инспекторат за труд- Нема законски повреди на правата на Чаусидис


Тамара Чаусидис

Тамара Чаусидис

Државниот трудов инспекторат по извршениот увид во случајот со отказот на новинарот Тамара Чаусидис, констатирал дека нема законски повреди на правата на Чаусидис, односно договорот за вработување е раскинат согласно законот, велат од Инспекторатот. Од државниот инспекотрат за труд соопштуваат дека немаат основ за понатамошно постапување во случајот со Чаусидис. На Чаусидис кој е и претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници пред два дена и бил прекинат работниот однос во телевизијата „Алсат“ каде што работеше како новинар. Од „Алсат“ и го прекиналe работниот однос врз основа на нејзиниот договор за работа кој содржал и нејзин потпис за спогодбен отказ
XS
SM
MD
LG