Достапни линкови

Активност на кумановскиот Сектор за евроинтеграции


Општина Куманово

Општина Куманово

Секторот за евроинтеграции при општина Куманово, со бројни активности и во текот на летото. Најмногу внимание се посветува на проектите за прекугранична соработка.

Секторот за евроинтеграции при Општината Куманово, сеуште како единствен од таков вид во државава, и во летниот период има зацртано бројни планови кои треба да се реализираат кон крајот на овој, односно почетокот на наредниот месец, вели Горан Митевски раководител на Секторот. Според Митевски најголемо внимание се посветува на
соработката со институциите и организациите за развој на прекугранична соработка со Република Бугарија. Во таа насока, според раководителот Митевски се работи на изнаоѓање соодветен проект и партнери од другата страна на границата кои имаат исти или слични потреби и идеи.

„Имаме одредени контакти со Ќустендил, со Благоевград, со Сандански. Други активности се обид за една релација со поврзување со БАЛСИНЕТ, поврзување со поголемите градови на Балканот, каде што би требало да организираме средба на градоначалници на Нови Сад, Бања Лука, Варна и Куманово во Куманово, кон крајот на август или почетокот на
Имаме одредени контакти со Ќустендил, со Благоевград, со Сандански. Други активности се обид за една релација со поврзување со БАЛСИНЕТ, поврзување со поголемите градови на Балканот.
септември.“

За септември и октомври, како што вели Митевски планирани се други активности,како што е создавање мрежа на градови, порака на мирот и многу други. Тука е и посета на Долна Нормандија во реализација на проектот на зачувување на амбиентална архиктектура заедно со уште четири градови од Македонија. Делегацијата од Куманово треба да го презентира изработениот проект и да добие сугестии и мислења од планерите и проектантите од Франција.

„Во однос на некои проекти подготвени сме за апликација што подразбира изнаоѓање заеднички интерес со збратимени градови, со потпишани меморандуми за соработка, за да се добијат некои средства, но и за запознавање на граѓаните на Европа, со интересни проекти.“

Митевски објаснува дека БАЛСИНЕТ е здружение на поголеми градови од Европа, а од нашата држава се Скопје, Куманово и Тетово, во друштвото со:

„Варна, Пловдив и Софија од Бугарија, Ниш, Нови Сад и Белград од Србија, Темишвар, Крајова и Букурешт од Романија, Бања Лука, Сараево и Тузла од Босна и Херцеговина, Солун, Атина и Лариса од Грција,Тирана, Елбасан и Ѓирокастро од Албанија, Истанбул, Анкара и Измир од Турција“, вели Митевски.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG