Достапни линкови

Ердоган- Сирија мора да запре со сите видови на насилство


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турција му испрати јасна порака на Асад , дека мора да запрат сите видови на насилство и крвопролевање, рече турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара. Неговата изјава доаѓа еден ден откако турскиот министер за надворешни работи имаше 6 часовни разговори со сириските власти, од кои 2 часа разговарал со сирискиот претседател Башар ал Асад, за да се стави крај на насилствата во Сирија.
Денеска преставници од Индија, Бразил и Јужна Африка се во Дамаск на разговори со сириските власти, за да извршат притисок врз нив. Но и покрај меѓународните повици за ставање на крај на насилствата, и денеска сириските трупи продолуваат со офанзивата за задушување на анти-владините протести.
XS
SM
MD
LG