Достапни линкови

Сирија ја продолжува офанзивата против демонстрантите


протести во Сирија

протести во Сирија

Сириската армијa ја проширува свoјата офанзива за задушување на анти-владините демонстрации и покрај меѓународниот притисок врз претседател Башар ал-Асад да стави крај на насилните мерки.
Активистите за човекови права велат дека сириските војници упаднале во градовите Тафтаназ и Сермин во близина на турската граница.
Очевидец за Асошиетед прес изјави дека војската ја презед контролата врз градот Деир ел-Зоур по четиридневите напади.
Преставници од Индија, Бразил и Јужна Африка денеска ќе го посетат Дамаск за да ја притиснат сириската влада да стави крај на насилствата. Вчера претседателот Асад по средбата со турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу рече дека Владата безмилосно ќе се бори со „терористички групи“.
XS
SM
MD
LG