Достапни линкови

logo-print

Белград смета дека косовските Срби денеска испратија „лоша порака“


Српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ смета дека косовските Срби денеска испратија „лоша порака“ со решението да ја одложат одлуката за симнување на барикадите по патиштата во северно Косово, пренесоа агенциите. Единството, кое мислев дека го имаме на крајот, денеска беше погазено, рече Богдановиќ. Се надевам дека спогодбата сепак ќе биде постепено применета, додаде тој.
Според шефот на српкиот преговачаки тим со Приштина Борислав Стефановиќ одлагањето „не е драматично“ и спогодбата може да биде применета етапно.
Претставници на четирите српски општини во северно Косово денеска требаше да се сретнат за да ја разгледаат спогодбата на претставниците на српската влада и команандантот на КФОР, која беше прифатена и од владата во Приштина.
Согласно спогодбата косовските Срби треба да ги симнат барикадите по патиштата во северно Косово, а силите на НАТО ќе ја зачуваат целосната контрола врз граничните премини Брњaк и Јариње на косовско-српската граница до средбата на претставниците на Косово и Србија следниот месец, на која тие ќе се обидат да ја надминат кризата.
XS
SM
MD
LG