Достапни линкови

logo-print

Инспекторат за труд ќе го испитува отказот на Чаусидис


Тамара Чаусидис.

Тамара Чаусидис.

Министерството за труд и социјална политика, преку Државниот инспекторат за труд, започна постапка за испитување на случајот со врачување отказ на новинарот Тамара Чаусидис.
Инспектори на Трудовиот инспекторат, во согласност со законот, а по добиен глас од медиумите, веќе се испратени да остварат надзор за утврдување на сите апсекти на случајот, и да увидат дали на било кој начин се загрозени или попречени правата од работен однос на новинарката Чаусидис, како и да испитаат дали се почитувани законските прописи, соопшти Министерството за труд и социјална политика.На претседателката на Независниот синдикат на новинари и медиумски работници Тамара Чаусидис, вчера и бил прекинат работниот однос во телевизијата „Алсат“ каде што работеше како новинар. Од „Алсат“ и го прекиналe работниот однос врз основа на нејзиниот договор за работа кој содржал и нејзин потпис за спогодбен отказ.
XS
SM
MD
LG