Достапни линкови

logo-print

Медведев и Алиев разговарале за Нагорно-Карабах


Алиев и Медведев во Сочи

Алиев и Медведев во Сочи

Рускиот претседател Дмитри Медведев и претседателот на Азербејџан Илхам Алијев, денеска разговараа во руското одморалиште Сочи. Главна тема на разговорот биле преговорите за Нагорно-Карабах, што се водат меѓу Азербејџан и Ерменија со посредство на западните земји и Русија.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев и се заблагодарил на Русија за напорите спорот да се реши.
Преговорите за Нагорно –Карабах наидоа на ќор-сокак, за време на самитот во јуни кој се одржа во Русија. Медведев и Алијев на денешната средба разговарале и за други билатерални прашања , како и за економската соработка меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG