Достапни линкови

Изработка на минијатури


Љубомир Денковски.
Љубомир Денковски.

Кумановецот Љубомир Денковски, откако останал без работното место, слободното време почнал да го пополнува со изработка на минијатурни предмети.

Љубомир Денковски (58) од кумановската населба Бедиње, некогашен општ работник во Градежното претпријатие „Козјак“ откако останал без работното место, од дрво и камен почнал да изработува разновидни минијатурни предмети. Бродчиња, Ајфелови кули во разни големини, црквички, вази и се она што ќе му се појави како идеја едно по едно ги сместува во неколкуте станбени простории. Ниту еден предмет не продал, а полека почнува да размислува и што со нив ако нивната бројка
Уште како мал од шпер-плоча изработував предмети. Сега ми е занимација, да ми помине денот. Сам цртам и потоа правам.

се зголеми. Да ги продава, како што вели, во времето на сиромаштијата кумановци кои знаат за неговата рачна изработка немаат пари да купат. Да отвори дуќан нема пари, па за сега останува само да ги подарува на неговите најблиски.

За почетоците на неговото хоби Љубомир раскажува:

„Уште како мал од шпер-плоча изработував предмети. Сега ми е занимација, да ми помине денот. Сам цртам и потоа правам.“

Една од минијатурите на Денковски

Минијатурите Љубомир ги прави со дрвца за скара, ги „крои“, ги лепи и ги обликува предметите. А потоа ги лакира.

„Некои од нив се големи и по два метра. Немам ништо продадено, ме прашуваат, ама скапо им излегува. Најмала е околу 200 денари, а останатите се поскапи. За еден просечно голем предмет ми треба една недела. За големите и еден месец.“

Сите трошоци што ќе ги направи за набавка на материјалот уредно ги запишува, за евентуално да може да ја оформи цената и вредноста на готовиот предмет. Кога ќе види колку потрошил пари, труд и време, како што вели Љубомир, нема сметка да ги отуѓува, а некако и тешко му паѓа тоа, зашто се уште има само по еден примерок. За продажна изложба вели дека не му е познато како оди тоа, зашто тој е мајсторот кој не е ниту во кругот на бројните креативци во Куманово, ниту пак знае како оди комерцијалната работа.

„Камчињата ги собирам покрај река, ама за да се залепат треба и лепак и работа. За сега ги чувам дома да ми го красат домот. Овие од камен можат да бидат поставени и надвор, за разлика од дрвените предмети.“
Некои од нив се големи и по два метра. Немам ништо продадено, ме прашуваат, ама скапо им излегува. Најмала е околу 200 денари, а останатите се поскапи. За еден просечно голем предмет ми треба една недела. За големите и еден месец

Работата го смирува и му го пополнува слободното време, но неговата сопруга Снежана вели дека таа многу не се разбира од од неговото хоби и често пати го опоменува да престане:

„Што ќе ти ги, само ги трпаш тука. Друго е кога ќе ги продава или ќе ги носи некаде во музеи или на друго место. А тој уште е во затворена средина“, вели Снежана.

Љубе, пак, како што раскажува и покрај се, не може да го задушува поривот кога ќе му се појави идејата да изработи нешто, туку седнува и прави скици, а потоа трага по материјалите и работи се додека замисленото не го финишира. Тој им се радува на неговите предмети. Ако ги продаде ќе го надополни и онака скромниот семеен буџет, ќе добие сатисфакција дека изработеното е вредно и им се допаѓа на луѓето. Ако не ги продаде, ќе им се воодушевува самиот и ќе чека подобри времиња или моменти кога неговите предмети ќе ги красат домовите или дворовите на некои други луѓе. Како и да е, ако не може да гради и да уредува големи објекти, времето ќе си го исполнува со изработка на минијатури.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG