Достапни линкови

Косово- нема одлука за барикадите


барикади во северно Косово

барикади во северно Косово

Лидерите на Србите од северно Косово соопштија дека нема да ги симнат барикадите на патиштата, откако не успеаја да решат дали да ја поддржат спогодбата меѓу Белград и Приштина за надминување на појавената криза.
Претставници на српските општини во северниот дел на Косово денеска изјавија дека не можат да донесат одлука заради отсуството на некои претставници и се договорија да ја одложат седницата.
Засега не е објавен датумот за следната средба.
Одлагањето ја става под прашање спогодбата, според која косовските Срби треба да ги повлечат барикадите, а силите на НАТО ќе ја зачуваат целосната контрола на граничните премини Брњак и Јариње на косовско-српската граница до средбата на претставниците на Косово и Србија следниот месец, на која тие ќе се обидат да ја надминат кризата.
XS
SM
MD
LG