Достапни линкови

Украинските власти ги отфрлаат критиките за апсењето на Тимошенко


Тимошенко во судот во Киев

Тимошенко во судот во Киев

Украинските власти ги отфрлија критиките на западните земји, упатени за апсењето на поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Тимошенко беше притворена во петокот за непочитување на судот и попречување на судската постапка. Соединетите држави претходно ги повикаа властите во Украина да ја преиспитаат одлуката за апсење на поранешната премиерка. . Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер изјави дека украинските власти би требало да ја разгледаат можноста и за нејзино итно ослободување од притвор, бидејќи постојат сомневања дека станува збор за политички мотивиран процес.
XS
SM
MD
LG