Достапни линкови

Лондон- Починал човек откако бил застрелан за време на насилствата


Полицијата во Лондон соопшти дека починал еден човек за време на нередите кои во изминатите неколку денови ја тресат Британија. Полицијата го пронашла човекот во еден автомобил доцна во понеделникот, во јужен Лондон. Човекот бил застрелан со неколку куршуми за време на насилствата. Денеска тој им подлегнал на повредите.
Изминатите три дена во оддeлни делови на Лондон има насилства, грабежи, се подметнуваат пожари. На кризната седнициа на Парламентот, премиерот Дејвид Камерон изјави дека ќе направат се што е потребно да се стави крај на насилствата во Британија.
XS
SM
MD
LG