Достапни линкови

logo-print

Турција побара крај на насилствата во Сирија


Средбата на Асад и Давутоглу во Дамаск

Средбата на Асад и Давутоглу во Дамаск

Министерот за надворешни работи на Турција денеска побара Сирија да запре со насилните мерки за сузбивање на анти-владините протести.Министерот Ахмет Давутоглу денеска во Дамаск се сретна со сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Активистите за човекови права велат дека повеќе од 1.700 луѓе се убиени за време на четиримесечните протести против режимот на Асад.
Пред Давутоглу да замине во Сирија, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција нема повеќе трпение за ситуацијата во соседна Сирија.
Турција е еден од главните трговски партнери на Сирија , а двете земји делат 850 километри долга граница.
XS
SM
MD
LG